(ФОТО) ЛУКСУЗ КАКО ОД БАЈКИТЕ: Погледнете како Меланија Трамп ја украсила Белата куќа во пресрет на празниците!

Првата дама на САД, Меланија Трамп го претставила божиќниот декор во Белата куќа, чија тема годинава е патриотизам кој го слави „Духот на Америка“.
Во традиционалната празнична зелена, Меланија Трамп вклучила и црвена и сина боја, а новогодишната елка ја украсила со американско знаме.


Американската прва дама на нејзините профили на социјалните мрежи објавила фотографии и кратко видео од нејзиното обиколување и како ги завршува божиќните украси во Белата куќа.

“Духот на Америка блеска низ Белата куќа. Јас сум задоволна што можам да ја споделам оваа прекрасна изложба на патриотизам со сите”, навела Меланија Трамп.
Според изјавата од нејзиниот кабинет, секое крило и просторија на Белата куќа одразува поинаков аспект на „Духот на Америка“.

Извор и фото: Facebook, Twitter, Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …