ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ФБИ – ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ ВЕ ШПИОНИРААТ: Хакерите можат да ви видат се’ дома, но и да прислушкуваат!

Американскиот ФБИ предупредува дека паметните телевизори, кои за разлика од обичните, се поврзуваат на Интернет, се особено ранливи на напад од хакери кои на тој начин можат да влезат во нечиј дом.
Во објавата на блогот на филијалата во државата Орегон ФБИ така се објаснува дека, покрај тоа што обезбедува пристап до популарни сервиси, исто така им овозможува на хакерите да влезат во нечиј дом преку необезбеден телевизор, преку кого може да пристапи и до нечиј интернет рутер.
„Хакерите исто така можат да ја преземат контролата врз вашиот необезбеден ТВ. На долниот дел на спектарот на ризик, тие можат да менуваат канали, да ја зголемуваат јачината на тонот и на вашите деца да им покажуваат  несоодветни видеа“, напишал ФБИ во текстот за предупредување.

Во најлошото сценарио, ФБИ продолжува, хакерите можат да ги вклучат камерата и микрофонот на нечиј ТВ во спалната соба и тивко сајбер да прислушуваат.
Покрај тоа, камерите и микрофоните вградени во поновите телевизори, за да се овозможат команди со глас и видеочет разговори, хипотетички и на производителите на ТВ или апликациите што се користат на тој ТВ, им овозможуваат да прислушкуваат.
Хакерите, како што се потсетува, во јануари оваа година, веќе упаднале во илјадници паметни уреди на Google.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула – херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“ од авторот Васко Марковски

Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула – херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од …