(ВИДЕО) ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ: Португалскиот претседател во акција на спасувањето на две жени

Марсело Ребело де Суса, претседателот на Португалија, помогнал во спасувањето на две жени кои се нашле во проблем откако нивниот кајак се превртел во водата.
71. годишниот претседател е снимен како плива кон жените кои се држат за превртен кајак кај плажата во Аларевеу, пренесе Би-Би- Си.
Де Суса подоцна на новинарите им изјавил дека жените ги повлекла морската струја.
Тој разговарал со новинарите на плажата Праја до Алвор кога забележал дека во морето има превртен кајак.
Камерата го фатила моментот кога португалскиот претседател скокнал во морето за да им помогне. Уште еден човек веќе бил во близина на превртениот кајак и се обидувал да го сврте кануто, додека друг човек на скутер исто така им приоѓал на жените и нудел помош.
Човекот на скутер потоа успеал да го извлече превртениот кајак на брегот.
Претседателот истакнал дека на скутер му помогнал уште еден „патриот“.
Инаку португалскиот претседател летува во Алгарвеу со намера да помогне во промоцијата на тамошниот туризам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …