(ВИДЕО) ПАНДЕМИЈА – КОРОНАТА ПРОДОЛЖУВА ДА „КОСИ“ СЕ’ ПРЕД СЕБЕ: Црни рекорди во САД, во Индија повеќе од 50.000 заразени во еден ден!

Црните епидемиолошки рекорди во САД, а Ројтерс известува дека секоја минута во Соединетите држави умира по едно лице со ковид-19.
Вкупниот број на смртни случаи во Соединетите Држави надмина 150.000 и е најголем во светот, а стапката на смртност се зголемува со невидена стапка.
Според анализата на Ројтерс, бројот на пациенти расте секој ден во 37. американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26.сојузни држави.
Бројот на починати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.


Кина
За прв пат од април годинава, во Кина се регистрирани повеќе од 100. ново заразени со корона вирусот, два дена по ред, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија (НХЦ), објави Си-Ен-Ен.
Од вкупно 105. нови случаи, 102. од нив биле локално заразени, а НЗК забележала 21. асимптоматска инфекција, кои не се вклучени во потврдените случаи.


Индија
Индија пријавила повеќе од 50.000 заразени за еден ден.
Вкупно, заболеле скоро 1.600.000 луѓе, а скоро еден милион се опоравиле досега.
Министерството за здравство соопшти дека од вчера починале 775. лица. Вкупниот број на жртви заразени со ковид-19 достигнал скоро 35.000.
Индија е трета земја во светот по бројот на регистрирани случаи на инфекција, по САД и Бразил.
Сепак, стапката на смртност од 2,23 проценти е многу пониска отколку во овие две земји.


Филипини
Филипинските здравствени власти соопштија во четвртокот вечерта дека во последните 24. часа бил регистриран рекорден број нови случаи, а починале уште 23. лица.
4.000 луѓе биле тестирани позитивно за коронавирус во последните 24. часа, пишува АП, со што вкупниот број случаи во оваа земја достигнал скоро 90.000.
Починале вкупно 1.983 луѓе.
Филипините се втора по големина земја во Југоисточна Азија, зад Индонезија.
Портпаролот на претседателот Хари Рок се обидел да ја ублажи загриженоста на граѓаните велејќи дека тој ќе го зголеми бројот на тестови за коронавирус, пренесе агенцијата АП.

Колумбија
Во Колумбија, уште 9.965 лица се заразиле со вирусот корона, со што се зголемил вкупниот број на пациенти на 286.020, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Во последните 24. часа починале 356. лица, односно вкупно 9.810, известува Тас с.
Првиот случај на вирусот „ковид-19“ во Колумбија е забележан на 6. март, а 11. дена подоцна, претседателот Иван Дјук прогласи 30-дневна вонредна состојба, а набргу потоа, меѓународните летови беа суспендирани и беше воведена целосен карантин на земјата.
Карантинот подоцна беше продолжен до 1. септември.

РЕГИОН
Словенија – 2.139
Хрватска – 5.071
БИХ – 11.444
Србија – 25.213
Македонија – 10.617
Црна Гора – 3.016
Албанија – 5.197
Грција – 4.401
Бугарија – 11.420

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …