(ВИДЕО) Овој филм за Украина треба секој да го види, Netflix обезбедил бесплатно гледање

NETFLIX го објави својот документарен филм Winter on Fire: Ukraine’s Fight for Freedom на YouTube во знак на поддршка на украинскиот народ, така што секој може бесплатно да го гледа.
Winter on Fire дебитираше на Нетфликс во 2015. година и беше високо пофален од критичарите. Тој беше номиниран за Оскар и Еми, а ја освои и наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Овој увид во украинската политика и подготвеноста на народот да се бори за своите верувања е повторно актуелен по руската инвазија на таа земја. Статистиката на YouTube покажува дека 98-минутниот документарец имал повеќе од 250.000 прегледи за помалку од 24. часа откако Нетфликс го објавил таму.


Документарецот трае 98 минути, а го режираше Евгениј Афинеевски. Во соработка со Нетфликс, филмот го продуцираа Украина, САД и Обединетото Кралство.
Документарецот ја прикажува полициската бруталност и кршењето на човековите права низ кои поминал народот на Украина во 2014. година, па дури и филмската екипа имала потешкотии да снима во тие околности.

Филмот покажува како во 93. дена граѓанскиот бунт познат како „Мајдан револуција“ се претворил во серија на насилство и уништување. Протестот бил насочен против владата на претседателот Виктор Јанукович, кој одбил да потпише договор за политичко здружување и слободна трговија со Европската унија. Наместо тоа, тој се поврзал со Русија и Евроазиската економска унија, и покрај проевропската ориентација на украинската влада. Судирот меѓу Беркут (специјална полиција) и демонстрантите резултирал со неколку смртни случаи.
Нетфликс, исто така, одлучил да не го почитува рускиот закон, кој од нив бара да емитуваат 20 медиумски канали финансирани од државата поради загриженоста дека нивната платформа ќе се користи за ширење дезинформации.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …