Музеј изложил кукла на Зеленски со преголема глава, а причината е прекрасна!

Кукла на украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве е изложена во Американскиот музеј на преголеми подвижни кукли, среде руската инвазија на земјата, објави телевизијата CBS.

Музејот објавил дека по 5. долари од секоја продадена кукла ќе бидат исплатени на Фондот GlobalGiving за помош во украинската криза, поддржувајќи ја хуманитарната помош за погодените заедници во Украина и околните региони во кои избегаа бегалците.
Куклата на Зеленски е облечена во темно одело и сина вратоврска, стои на основата што го носи неговото име. На позадината е украинското сино-жолто национално знаме.


This image has an empty alt attribute; its file name is zelenski-kukla.jpg

Секоја кукла ќе биде поединечно нумерирана и достапна само во онлајн продавницата на Националната куќа на славните и музејот Bobblehead. Куклите, кои се очекува да пристигнат во јули, ќе чинат 30. долари.
„За да ја покажеме нашата поддршка, како и безброј други ширум земјата и светот, возбудени сме да ја претставиме оваа кукла од украинскиот претседател Володимир Зеленски за да помогнеме во собирање средства и подигање на свеста за Украина“, рекол ко-основачот и извршен директор на Националната куќа на славните и музејот Боблхед, Фил Склар.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …