(ВИДЕО) Ова не е поле со цвеќиња: Шокантна снимка која го обиколила светот

Ако во првите кадрови на оваа снимка сте помислиле дека станува збор за поле со цвеќиња, во голема заблуда сте.
Станува збор за така наречените гробишта на велосипеди во градот Вухан во Кина.

Услугата на делење велосипеди, кој моментално цвета во ова земја, довела и до некои негативни последици.
Секој жител на Кина со едноставна употреба на апликацијата на смартфон може да изнајми велосипед (цената на изнајмување е 1 јуан, односно 0,15 американски долари за еден час), а луѓето ги оставаат на најразлични можни места.
И’, додека поедини компании, за да се пробијат на пазарот, дневно произведуваат милиони велосипеди, властите неретко по пронаоѓањето на улица ги конфискуваат и испраќаат на депонија.
Една од најтажните работи е што во голем број на случаи станува збор за нови велосипеди, пишува „Бизнис Инсајдер“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …