(ФОТО) Ништо од разводот: Рајан Рејнолдс открил како успеал да го спаси бракот!

Ѕвездата на филмот „Дедпул 2“, Рајан Рејнолдс (41) веќе пет години е во брак со Блејк Лавли
Иако медиумите неколку пати шпекулирале за нивната брачна криза, славниот пар со појавувањето и блискиот однос секогаш ги демантирал приказните.
Рајан и Блејк имаат две ќерки, едногодишната Инес и тригодишната Џејмс. И покрај бројните обврски околу децата, но и деловните ангажмани, тие двајца имаат едно правило кое ги прави блиски.
„Не дозволуваме нашите распореди да се поклопуваат. Тоа значи дека кога снимам филм, таа во тој период не работи, и обратно“ рекол Рајан за магазинот „People“.
Еден од најсексипилните глумци вели дека презапосленоста не е добра за бракот, но ниту за децата.
„Ние се обидуваме да бидеме многу присутни во животот на своите деца. Доаѓам од големо семејство, како и Блејк и двајцата сакаме да создадеме топла и среќна заедница за нашите деца“.
А, засновувањето на семејство му дало многу подобар поглед на животот:
„Сега е многу подобро. Да имаш семејство значи да престанеш да се грижиш за многу глупави работи и да се фокусираш на сегашниот момент“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …