(ВИДЕО) Остров од каде никој никогаш не се вратил жив

Изгледа како рај на земјата но во стварноста North Sentinel е многу, многу далеку од тоа…
Прекрасниот вулкански остров со површина од 72 квадратни километри се наоѓа во изолација од главната група Андамански острови во Бенгалскиот залив и технички припаѓа на Индија, но има посебен статус на автономна регија со невообичаена забрана – имено, никој не смее да му пристапи на островот на поблиску од пет километри.
Овој често нарекуван рај на земјата е доказ дека најубавите работи често се и најопасни, а оние кои го посетиле на нему и последен пат дишеле.
Го убиваат секого кој ќе им се приближи
Жителите на островот North Sentinel се домородци, а современите проценки на нивната бројност се движи помеѓу 50. и 400. луѓе, но точниот број никој не може со сигурност да го утврди.
Колку се тие опасни за сите други луѓе кои се вон нивното племе сведочи токму забраната за приближување на островот, бидејќи бројни случаи на контакти завршиле со смрт за оние кои им пристапиле.
На пример, неколку рибари кои премногу се приближиле на островот во 2006. наводно биле фатени и заклани, а дури ниту приближувањето од хуманитарни причини лошо завршиле.
Имено, една таква ситуација се случила при обидот за пружање помош после ударот на тсунами во 2004. година. Тогаш, припадниците на племето, хелихоптерот кој на островот носел храна и пакети на прва помош, го гаѓале со копја и стрели.

Племе од камено доба
Според оние малку познати информации развојот на племето е навистина на мизерно ниво, наводно тие сеуште не го откриле огинот. Оружјето кое го потегнуваат на секој гостин го изработуваат рачно, од остатокот на метални делови од потонати бродови, но и од коски, камен и дрво.Нивното вооружување се состои од копја и рамни лакови, а користат и повеќе видови стрели, за лов на копно и во вода. Нивната исхрана се сведува главно на риба, кокос, свињи, а веројатно и останатата дивеч која ќе ја уловат во густите шуми на островот.
Кога станува збор за изгледот тие се со низок раст (околу 160 см.), со темна кожа и исклучително виткана коса. За нивниот начин на живот се знае многу малку – се нагаѓа дека отприлика пред 6.000 години дошле од Африка.
Прв контакт
Првиот човечки обид за контакт со нив датира од 1896. година кога потрагата по избеган затвореник завршила со пронаоѓање на неговиот труп прободен со стрели,а во средината на 70. ттите години на минатиот век стрела во нога добил и режисер на еден документарец.
Погледнете го видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …