Заразата со самоубиство постои и е многу опасна!

Според некои податоци секои 40. секунди во светот некое лице си го одзема животот. Смртта на блиските предизвикана со самоубиство е голема траума за семејството и пријателите,а самоубиствата за кои многу се говори и пишува предизвикуваат ефект на зараза која влијае на лиѓето кои имаат суицидни мисли.
Ефектот на зараза со самоубиство е познат уште во 18. век и објавувањето на книгата “Страдањата на младиот Вертер“. Откако книгата станала популарна ширум светот, бројот на самоубиства се зголемил до поразувачки бројки па во некои земји книгата била забранета.
Доктор Марк Видоустон за „Унилад“ го објаснил овој феномен.
„Ефектот на зараза со самоубиство е познат во нашата струка. Се препознава по тоа што на едно потесно географско подрачје одеднаш се појавуваат низа самоубиства на лица кои не се познаваат. Оваа тема е многу комплексна, но факт е дека самоубиствата често „се копираат“. Суицидните лица поради ранливоста ги копираат локациите и начините на самоубиство за кои слушнале или читале во последно време“ вели Видоустон.
После самоубиството на Мерилин Монро во 1962. година бројот на суициди во Америка се зголемил, особено кај жените на нејзина возраст. Ист бил случајот и после самоубиството на Курт Кобеин во 1994. година, кога на поширокото подрачје на Сиетл се случиле низа самоубиства кои биле негова копија.
Во време на социјалните мрежи ефектот на зараза со самоубиств драстично расте. Едно истражување покажало дека едно од 20. лица на социјалните мрежи може да дојде во контакт со лице кое ќе изврши самоубиство.
Иако овие податоци звучат застрашувачки, Видоустон вели дека постојат чекори со кои може да се влијае на околината и да се спасат животи.
Менталните болести сеуште се табу тема и луѓето кои имаат суицидни мисли се плашат да зборуваат за тоа, поради страв од неразбирање.
„Треба да внимаваме едни на други и ако забележиме суицидни мисли кај некој нам близок, треба да разовараме. Многу е важно да се открие таа тема и така сигурно ќе биде спасен нечиј живот“ вели Видоустон и ја нагласува важноста на лекувањето на менталните пореметувања.
„Општеството од самоубиствта не треба да прави митови и големи приказни бидејќи луѓето со сиуцидни мисли понекогаш во големите приказни наоѓаат оправдување за својот чин. Ако имате проблем и тешки мисли, ако се борите со депресија – разговарајте за тоа со некои од вашите блиски или посетете психолог. Психотерапијата дава одличи резултати во превенцијата но и во излекувањето од депресија“ вели Видоустон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …