(ВИДЕО) Нуркач во близина на израелскиот брег нашол меч од времето на крстоносните војни

Меч стар околу 900 години, за кој се верува дека припаѓал на крстоносен војник, го пронашол аматер нуркач недалеку од израелскиот брег.
Мечот долг 1 метар го пронашол Шломи Кацин и го предал на властите.
Нуркач во близина на израелскиот брег најде меч од времето на крстоносните војни
Се смета дека мечот излегол на површината поради движењето на песокот. Израелската управа за антиквитети го проучувала местото од јуни, но, како што велат, артефактите се неуфатливи бидејќи се појавуваат и исчезнуваат со движењето на песокот“.


Израелската управа за антиквитети вели дека мечот ќе биде јавно прикажан по чистењето и анализата.
Властите велат дека мечот е во совршена состојба и е прекрасно и ретко откритие што очигледно припаѓало на некој крстоносник.

Област богата со археолошки наоѓалишта
„Возбудливо е да се сретнете со таков личен предмет, да ве врати 900 години наназад, во сосема друго време, време на витези, оклопи и мечеви“, рекол Нир Дистелфелд од Израелската управа за антиквитети.
Коби Шарвит, кој раководи со поморската археолошка единица на споменатата администрација, вели дека брегот Кармел, каде што е пронајдено сечилото, пружала засолниште за бродовите за време на бури во текот на вековните поморски активности долж брегот.
„Овие услови привлекуваа трговски бродови со векови, оставајќи зад себе богати археолошки наоди“, вели тој.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …