Стотици луѓе прекриени само во бела боја прошетаа низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува The Guardian.
54-годишниот фотограф посетил локација во јужен Израел како гостин во министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, инспирирано од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содома.
„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, кој досега организирал десетици снимања на голи луѓе.
Докторантот Ана Клејман за The Guardian изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза. „Навистина се чувствував природно кога се соблеков“, рекла таа. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете“.
View this post on Instagram
Пред десет години, уметникот сними над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно. Израел и Јордан пренасочиле голем дел од водата во земјоделството и водата за пиење, додека екстракцијата и испарувањето минерали, забрзани со климатските промени, го влошиле проблемот.
Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.
Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram