(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: После 32. години сопственикот на изгубената ВХС касета доживеал изненадување на ТикТоК!

По 32 години, изгубената видео снимка го нашла својот сопственик
Јоно Маркус бил изненаден кога после 32. години го контактирале непознати лица, за да му ја вратат снимката од семејното патување, која се изгубила кога тој имал 23. години.
Тој сметал дека снимката, направена во 1989. година за време на семејно патување во Кенија, е изгубена одамна. Јоно снимката ја доживеал многу емотивно, најмногу заради неговиот татко, кој одамна починал.

„Сè изгледа толку безгрижно на ова видео. Беше навистина добро време“

Дејвид Гутенмахер, кој раководи со Музејот на изгубени спомени, го видел видеото во добротворна продавница во Њу Џерси и го објавил на социјалната мрежа ТикТок.
„Го најдов овој ВХС од семеен одмор, затоа решив да го купам, да го донесам дома и да го дигитализирам“, објаснил тој во видеото што е прегледано над два милиони пати. Луѓето биле пресреќни, бидејќи долго изгубената лента ќе биде во рацете на нејзиниот сопственик. Кога го видел видеото, Јоно не можел да поверува, па го замолил Дејвид да му остави контакт, за да може да дојде до видеото, бидејќи тоа му беше единствената врска со неговиот татко, кој одамна починал.


@socialubricant##duet with @museumoflostmemories

♬ original sound – ourfriendsonfacebook


„Тоа предизвика повеќе чувство на младост и разиграност што можеби ги ставив на полицата, делумно поради пандемијата, а делумно поради напорната работа и грижата за семејството“, рекол Маркус.


Фото: Tik Tok ilustracija/socialubricant

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …