(ВИДЕО) НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА – Последниот лапсус на Бајден кружи на Интернет, тој повикувал почината жена: „Џеки, дали си тука?“

Американскиот претседател Џо Бајден стана познат по своите гафови кои го ставаат во непријатни ситуации. Во последното, тој и се обраќа на починатата членка на Конгресот, довикувајќи го нејзиното име.
За време на вчерашната конференција за борба против гладот, Бајден ја повикувал конгресменката од Индијана, Џеки Валорски, која загина во сообраќајна несреќа во август.
Сакајќи да им се заблагодари на организаторите на конференцијата, Бајден почнал да прашува: „Џеки, дали си тука? Каде е Џеки?“, очигледно заборавајќи дека таа починала.


„Мислев дека и таа ќе биде тука“, вели збунетиот Бајден, а неговиот гаф веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Инаку, Валорски беше еден од организаторите на споменатата конференција. Таа на 3. август загина во тешка сообраќајна несреќа заедно со уште двајца вработени.
А американскиот претседател тогаш објави соопштение во кое изјави дека тој и неговата сопруга Џил биле „шокирани и тажни“ од нејзината ненадејна смрт.
Иако некои се смееле на настапот на Бајден, имало и такви кои го критикувале, особено затоа што често му се случува вакво нешто.
„Навистина ужасна и срамна грешка“, напишала пратеничката Вики Харцлер.
Портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер, објаснила дека Бајден непосредно пред неговиот говор ја спомнал Валорски и нејзината неверојатна работа и дека таа мора да била првата работа што му паднала на ум кога сакал да им се заблагодари на сите што придонеле за организацијата на конференцијата.
Инаку, американскиот претседател со 79. години е најстариот човек на таа позиција во историјата на Америка, а тоа не ги спречува многумина да ја посочат неговата возраст и да и ги припишуваат неговите непријатности.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …