(ВИДЕО+ФОТО) УКАЖАЛА НА ПРОТЕСТИТЕ – Анџелина Џоли ги поддржа храбрите жени од Иран: „Не им треба надзор над нивниот морал и нивните тела!“

Холивудската ѕвезда и хуманитарец Анџелина Џоли укажа на тековните протести во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини.
Да потсетиме дека Амини почина на 16. септември во Иран откако беше приведена од Државната полиција за морал поради наводно прекршување на кодексот на облекување. Веднаш по нејзината смрт избувнаа протести, а во тековните немири, кои се одвиваат и низ цела Европа, многу жени го запалија хиџабот и ја потстрижуваат косата.
Оскаровката на својот Инстаграм сподели неколку фотографии направени на улиците на Иран, со што ја подигна свеста за моменталната ситуација на Блискиот Исток.

„Почит за храбрите, пркосни, бестрашни жени од Иран“, започна Џоли на почетокот на објавата. „До сите оние кои преживеаја и се спротивставија со децении, до сите оние кои денес излегуваат на улица, Махса Амина и сите млади Иранки како неа“.
Потоа таа продолжи:
„На жените не им треба следење на нивниот морал, превоспитување на нивните умови или контролирање на нивните тела. Ним им треба слобода да живеат и дишат без насилство и закани“, заклучила 47-годишната актерка.
Џоли на својот профил истакна објава во која накратко објаснува за конфликтот што се случува во земјата.
Таа објасни дека протестите во Иран се одржуваат 12-та ноќ по ред, а почнале како одговор на смртта на 22-годишната жена.



„Од почетокот на протестот, полицијата со брутална сила ги нападна демонстрантите, а наводно се убиени повеќе од 70. луѓе“, додаде познатата актерка.
Покрај светската слава која ја стекна благодарение на статусот на актерка, Џоли на своите социјални мрежи секојдневно ги истакнува случувањата низ светот. На почетокот на оваа година таа го посети и Јемен, а подоцна беше снимена во Лавов, каде што се затекла среде свирењето на сирените на еден од воздушните напади.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

,,Гласна тишина” – самостојна изложба на младата визуелена уметница Мартина Спасовска

Вечерва со почеток од 20:00 часот во фоајето на Центарот за Култура Трајко Прокопиев во …