(ВИДЕО) НЕОБИЧНО ИЗДАНИЕ – Даниел Крег ги воодушевил фановите со неверојатните танчерски потези, покажал и како меша со колковите

По 15 години глумење Џејмс Бонд, се чини дека британскиот актер Даниел Крег реши да ја покаже својата помалку сериозна, танцувачка страна. Не му требало долго време за да ги израдува своите обожаватели.
Познатиот актер се појавува во новата кампања на „Белведере вотка“, а рекламата во која ги покажува своите танчерски потези ги доведе своите обожаватели до кулминација.
54-годишникот ја покажал својата опуштена страна во режија на оскаровецот Таика Вејтити. Се’ започнува со тоа што Крег си игра „себе“, се смешка на камерата во бел костум. Ја избегнува масата обожаватели влегувајќи во автомобилот од кој излегува со нов стајлинг – во црна кожна јакна и очила.

Додека во позадина се слуша саундтракот со Рита Ора и Гигс, Крег се пробива до неговата хотелска соба, цело време покажувајќи неколку неверојатни танчерски движења, а во неколку наврати може да се види како славниот актер меша со колковите. Се’ завршува со неговото доаѓање до брендот за пијалоци.
„Конечно“, изговорува Крег, пиејќи голтка, додека режисерот Таика, „Сечи!“.
Објавувањето на актерот не остана незабележано на социјалните мрежи, каде многумина не ја пропуштија можноста да ја коментираат рекламата и несекојдневното издание на Крег.
Многумина признаа дека биле изненадени од тоа што го виделе, но на позитивен начин и дека овој Крег изгледа како „палавиот брат близнак на Бонд“.
„Овој човек е едноставно икона“, е еден од коментарите.
„Дали воопшто му треба алкохол? Изгледа дека одлично се забавува без него”, се пошегувал еден фан.
Самиот Таика изјавил дека неговата соработка со Крег била одлична.
„Едноставно беше убаво да се направи нешто што беше предизвик во однос на ‘Дали е ова вистинскиот Даниел?’, или самиот факт дека ова е можеби друга верзија на Даниел од онаа што сме навикнати да ја гледаме…Едноставно беше одличен, воопшто не се воздржа. Само се порепушти“, изјавил оскаровецот.
Инаку, неговата реклама доаѓа откако Даниел ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд минатата година, што се случи само неколку дена пред „No Time To Die“, збогувањето на актерот со неговата улога, на Џејмс Бонд.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …