(ВИДЕО) НАШЕ СЕКОЈДНЕВИЕ – НЕМОЌЕН И БОЛЕН: Живее сам со 6.000 денари, со церебрална парализа, без струја и греење и наследен долг!

Стефан зема социјална помош од само 6. илјади денари, иако има попреченост и не е физички способен на работи. Нема доволно пари да купи ниту лекови.
Капата ја става не за да излезе надвор, туку за да легне да спие. Во собата каде е студено и едвај може да се седи неколку минути, а не пак да се преспие. 31. годишниот Стефан Ивановиќ од Чаир со месеци живее во темница бидејќи не може да го плати долгот кој изнесува над 200 илјади денари. Живее сам, мајката му починала пред неколку месеци.
„Боледувам од церебрална парализа. Болеста е проследена со спазми на долниот дел од мускулатурата. Понекогаш и горе се покачуваат, на горниот дел. Болеста е прогресивна. Фаќа замав, се повеќе и повеќе чувствувам како стареам. Јас се трудам да не ги изоставам терапиите што ми се препишани од доктор. На секои шест месеци ми следува рехабилитација во Катлановска бања“, вели Ивановиќ


Стефан зема социјална помош од само 6. илјади денари, иако има попреченост и не е физички способен на работи. Нема доволно пари да купи ниту лекови.
„Лекови примам за спазми, баклофен мировел, тие се грчки лекови за опуштање на мускулатурата и стабилизирање на спазмите. Но сега во моментов не сум моќен да ги купувам. Пијам како замена диазепам и стоп грч. Колку чинат тие лекови кои не може да ги купиш? 500 денари“, рече Ивановиќ.
Не може да подготви ништо за јадење па затоа користи плинско. Тој најчесто купува конзерви за јадење. Кога го посетила екипата на ТВ21, јадешл паштета.
Се уште чека од ПИОМ да му ја проценат инвалидноста.
„Имам поднесено и во ПИОМ документи од мојата болест. Тие сега се наоѓаат во Тавталиџе во комисија на разгледување. Очекувам да ме викнат да земам наод и мислење за проценка на инвалидноста во кој ќе пишува дали јас сум способен за работа и колку проценти сум оштетен“, рече Ивановиќ.
Стрефан Ивановиќ кој боледува од церебрална парализа секојдневно оди во некое кафуле каде му дозволуваат да се згрее и да го наполни мобилниот телефон. Барал помош и од владата и од институциите, но досега нема одговор.
Стефан вели дека иако изгубил многу во животот се надева дека ќе има надеж за неговата состојба и ќе има светло во станот, а неговиот долг ќе биде платен.

Извор:ТВ21


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …