(ВИДЕО) На сопругот му открила дека е бремена по петти пат – Неговата реакција е ХИТ!

Таткото на четири деца со прилично искрена реакција на веста дека ќе стане татко по петти пат, насмеал илјадници луѓе и станал ѕвезда на ТикТок.
Неговата сопруга Емили одлучила позитивниот тест за бременост да го сокрие во нивниот кревет. Таа ја сокри камерата и го поканила во собата и му рекла да погледне под книгата на креветот.
„О, не. Вистински е”, ја прашал и почнал наоколу да ја бара камерата, надевајќи се дека се работи за шега.
Тој се оддалечува од креветот со рацете на лицето, а потоа ја прашува жената: “Чие е? Каде ќе го ставиме?”
„Не знам“, одговара таа.

@maverickmotherHusbands reaction is priceless 🤣 I can confirm he has got over the shock & very happy #pregnancyannouncement #funny #ohno#pregnant #maverickmother


♬ Oh No – Kreepa


Идниот татко мирно се враќа, ја гушка својата сопруга и и’ признава: „Те сакам со целото мое срце!“ Емили подоцна открила дека е и среќна и шокирана.
„Неговата реакција е бесценета“, „Каде ќе го ставиме?“, „Токму така би рекол мојот сопруг“, „На крајот забавно и емотивно“, се коментарите на некои од 1,6 милиони луѓе колку што ја прегедале смешната снимка.

Фото:TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …