(ВИДЕО) Пепа Димитрова го промовираше видеото за новата песна „Длабоко“

Денес, точно на пладне, Пепа Димитрова на својот „Јутјуб” канал, го промовираше спотот за новата песна „Длабоко”.


Се работи за интересен видео запис кој ja доловува емоцијата и драмата содржана во музичката приказна. Сниман е на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро. Режисерскиот потпис е на Зоран Стојановски Зонде.


-Сакам музика со душа, со емоција, пред се песни кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Оваа песна е токму таква и навистина заслужи своја видео приказна. Драго ми е што финалниот продукт е нешто што со право може да биде потпишано со ДЛАБОКО – вели Пепа Димитрова за новиот спот.


Инаку, песната „Длабоко” премиерно беше изведена на овогодинешниот „Макфест“. Музиката и аранжманот се на Арсовски Јованче, а текстот е на Наталија Данаилова. Истата ќе биде дел од албумот кој е во подготовка и од кој веќе се снимени повеќе песни. Пепа Димитрова најавува дека деновиве ќе снима и нов спот.
Погледнете го видеото на следниот линк:


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …