(ВИДЕО) На пустиникот (81) кому му изгорела колибата, милијардер му донирал 180.000 долари за да изгради нова

Пустиникот кој завршил во затвор бидејќи живеел во колиба на туѓ имот, милијардерот Александар Карп му донирал 180.000 долари, откако неговата колиба изгорела.
Дејвид Лидстон (81), локално познат како Ривер Дејв, живеел во својата кабина во Њу Хемпшир 27 години. Сопственикот на земјиштето на кое се наоѓала колибата, Леонард Жилс, се обидел да го истера оттаму во 2015 година, а Дејвид дури завршил и во затвор бидејќи одбил да го напушти својот дом. Додека бил во затвор, колибата му изгорела и останал без ништо.


За да му се помогне, покрената е кампања на GoFundMe преку која луѓето собрале околу 15.000 долари за него, а неговата приказна го привлекло вниманието на Александар Карп, милијардер и извршен директор на Palantir Technologies, кој одлучил да донира 180. илјади долари да може да изгради нова колиба и да започне нов живот, пренесува LadBible.
„Господине Карп, не можам да изразам како се чувствувам за она што го направивте, ако се обидам, ќе заплачам“, му рекол на својот добротвор во видеото што го сподели неговата пријателка Џоди Гедеон.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …