(ВИДЕО) МОРА ДА ПОГЛЕДНЕТЕ И СЛУШНЕТЕ: „Крушево абер пристигна“ со Стојне Николова

Познато е дека се повеќе македонски автори и изведувачи наоѓаат инспирација во македонските народни песни. Некои ги преправаат до непрепознатливост па песните ја губат својата убавина, а други пак прават свое видување на веќе познатата мелодија…
Една од тие, вторите, е „Крушево абер пристигна“ која е дело на Васка Илиева (музика и текст), а сега преработена од Дамир Имери и во изведба на Стојне Николова повторно ни ја доближува познатата песна на легендарната Васка Илиева.
Но, она што не радува е дека песната е во „стариот манир“, секако со „нови додатоци“ кои придонесуваат за атрактивноста.
Видеото пак е направено како вистински мал игран филм за што мора да им се честита на авторите… Јасна приказна, убава слика, глума како што треба, без никакви фалинки, видеото на оригинален и допадлив начин ни ја донесува „Крушево абер пристигна“…

Вокал: Стојне Николова
Музика и текст: Васка Илиева
Аранжман: Дамир Имери
Пратечки вокали: Ана Мицевска и Христина Пецовска
Аудио продукција: Анастасија студио
Кавал и зурла: Гоце Димовски
Тамбура: Бајса Арифовска
Продуцент: Бобан Мојсовски / Мојсо Продукција
https://www.facebook.com/mojso.produk…
Сценарио, режија, директор на фотографија, специјални видео ефекти: Даниел Јовески
Специјални ефекти за шминка: Даниел Јовески
https://www.facebook.com/daniel.joveski
Фризура: Станче Кипријанов
Шминка: Владимир Трајковски
Шминка: Наташа Ѓоргиевска


Помагатели:
Коњнски клуб: Барбадос
Аснамбл “Студио фолклор”


Актерски тим:
#Тодорка:
Марија Петревска
#Стојан:
Коле Тодоров
#Турци:
Антонио Стојчески
Никола Арнаудов
Петар Велковски
Илин Јовановски
#Комита:
Дарко Дашковски
#Мајка на комита
Гордана Антевска
#Комити:
Виктор Настевски
Стефан Јаневски
Александар Алексовски


Текст:

Крушево абер пристигна
Крушево абер пристигна

Кој има синој големи,
Комити да ги испрати

Кој има синој големи,
Комити да ги испрати

Стојан си немал синови
Стојан си немал синови

Само си ја имал Тодорка
Тодорка една на мајка
Само си ја имал Тодорка
Тодорка една на татко

Тодорка на татко велеше
Тодорка на татко велеше
Купи ми пушка берданка
и остра сабја пренгија
и јас комита ќе одам
во тоа славно Смилево

Три години комита шеташе
Три години комита шеташе
Никој Тодорка не позна
дека е Тодорка девојка
Никој Тодорка не позна
дека е Тодорка девојка

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …