(ВИДЕО) МОМЧЕ ОД ТЕКСАС СПРЕЧИЛО ТРАГЕДИЈА: Ги спасил прадедото и прабабата кога неговиот полубрат ги избодел со нож!

Едно 12-годишно момче од Тексас го спасило неговите прадедо и прабаба кога наводно неговиот полубрат се обидел да ги прободе со џебен нож во неговиот автомобил.
Полубратот на момчето Лусијан Адријан Џонстон (20), наводно, ги прободел својот прадедо и прабаба од задното седиште на 29. декември. Сето тоа се случило откако тие му рекле дека повеќе не може да живее со нив поради лошото однесување, пренесува Си-Ен-Ен.


„Го зграпчив од позади“
12-годишниот Саша успеа да го извлече џебниот нож од раката на неговиот полубрат и да го исфрли од прозорецот пред ударите да станат смртоносни.
„Го зграпчив одзади. Го повлеков назад. Се обидов да го одвлечам од баба ми“, им рекол Саша на новинарите.
„Го фатив ножот, го зграпчив брат ми за вратот. Тој ми го свитка прстот, ме удираше по главата. Затоа ми се олабави забот, но не е важно“, додал тој.


Уапсен полубрат
По нападот Џонстон избегал од автомобилот. Тој бил уапсен следниот ден, откако полицијата го забележала како ксе приближува кон семејниот дом. Тој се соочува со две точки на обвинение за тежок напад со смртоносно оружје.
Прабабата и прадедото се во стабилна здраствена состојба и се очекува целосно да се опорават.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …