(ВИДЕО) КОБНА ГРЕШКА НА ИНДИСКИ СЕЛАНЕЦ: Тргнал со стап на слон а потоа разјареното животно се свртело…

По интернет кружи видео од Индија каде селанец со стап го удрил слонот, но наместо да го избрка како што било планирано, слонот започнал да го брка селанецот.
Селаните ги забележале слоновите на нивите како им ги јадат посеаните култури и се обиделе да ги истераат. Еден земал стап и почнал да го удира слонот. Но, наместо да го избркаат како што било планирано, слонот се свртел и почнал да трча по него. Човекот веднаш побегнал, но слонот брзо трчал по него, па селаните кои биле со него викале да трча побрзо.


Еден очевидец раскажал дека мажот бегал од слонот сè додека не скокнал во една дупка и ползејќи избегал од лутото животно, пренесува „Дејли меил“. Експертот за животински свет Субхенду Малик изјавил дека луѓето не треба да им пристапуваат на слоновите затоа што тие честопати не се свесни за нивната брзина, па затоа ја потценуваат мислејќи дека заради нивната тежина тие се бавни за движење, што не е точно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …