(ВИДЕО) Место на толеранција и великодушност – луѓето овде живеат како да се дел од исто семејство

УНЕСКО овој мал јордански град со минариња и црковни кули кои го делат истиот хоризонт го препознал како „место на толеранција и урбано гостопримство“.
Ас-Салт е на најновата листа на светско наследство на УНЕСКО на Блискиот Исток.
Сместено на раскрсницата на трговијата и аџилакот помеѓу Средоземното Море и Арапскиот Полуостров, Ас-Салт прераснал во просперитетен град кон крајот на 19. век за време на периодот на реформи насочени кон „модернизација“ на Отоманската империја.

Историското јадро на градот го сочинуваат стотици градби од варовник кои датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век, и сите во ист стил, нивните типични сводови, високи прозорци и врежани столбови сјаат на сонце.



Она што го прави овој град посебен се луѓето и нивната добрина. Ас-Салт стана место за средба на истокот и западот, меѓу пустината и урбаните центри, а различноста на градот се рефлектира во неговата архитектура.
Структурата на градот го поттикнала чувството на заедништво и блискост. Соседите живеат многу блиску еден до друг и се поддржуваат на многу различни начини. Мрежата од меѓусебно поврзани скали, заеднички дворови и јавни плоштади иницирале развој на толерантно, мултирелигиозно општество и внеле чувство на припадност на заеднички простор.


Повеќето традиционални згради имаат заеднички дворови или тераси каде што луѓето можат да готват, да јадат и да пијат заедно. Луѓето овде сè уште живеат како да се дел од исто семејство, меѓу нив нема сегрегација.
Тука дури и црквата е свртена кон џамијата и го дели истиот влез. Муслиманите и христијаните учествуваат меѓусебно на прославите. И’ христијаните и муслиманите одат заедно на молитва, сите се добредојдени. Сè што имаат споделуваат со соседите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …