Во моментот кога украинскиот претседател Владимир Зеленски предупредува дека руските војници наскоро ќе почнат да ја гранатираат Одеса, ТикТокер од Москва ја воодушеви светската јавност.
На социјалните мрежи е објавено видео кое е снимено пред московското метро. На него се гледа млад човек кој стои со транспарент на кој пишува „Ако сте против војната, гушнете ме“.
Бројни жители на Русија претходно изразиле незадоволство поради одлуката на властите на таа земја да започнат „специјална воена операција“ во Украина.
На многу протести организирани низ земјата биле уапсени неколку стотици луѓе, меѓу кои и деца. Граѓаните на Русија сакаа да им дадат до знаење на демонстрантите дека не ја поддржуваат војната во Украина, но набрзо биле санкционирани.
View this post on Instagram
Еден млад човек со силна порака сега го прави истото во срцето на Москва, каде што доби неколку прегратки што укажуваат дека Русите се против војната што моментално се води во Украина.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски предупреди дека руските војници се подготвуваат да ја нападнат Одеса, пристанишен град со пристап до Црното Море, додека утринава бил гранатиран контролен пункт за евакуација на цивили во предградието на Киев.
Фото: Принтскрин/Instagram