Речиси на секоја мајка и се случило да заборави веднаш да измие шишенце со млеко. Непријатниот мирис на киселото млеко многу тешко се отстранува дури и со вриење, но комбинацијата на топла вода и паста за заби може да го реши овој проблем.
Ова е еден од најнеочекуваните начини на кои можете да користите паста за заби во вашето домаќинство. Ви донесуваме трикови со паста за кои веројатно не сте знаеле, а можат да ви го олеснат животот.
Чист мијалник
Ако ви капнала пастата додека ги четкате забите, искористете ја – одлична е за миење мијалници. Земете сунѓер, тријте и исплакнете – ќе изгледа совршено сјајно.
Ги чисти дамките на чевлите
Само додадете малку паста во влажна крпа и тријте. Дури и старите чевли ќе го вратат сјајот.
ЦД-ата можат повторно да проработат
Малите гребнатини на ЦД-ата може да се отстранат со ставање многу малку паста за заби на памучна или микрофибер крпа. Исчистете и избришете.
Извлекува мирис од шошенца за бебиња
Киселиот мирис на млекото тешко се извлекува дури и со вриење, но комбинацијата од топла вода и паста за заби може да го реши тоа. Она што е важно е добро да го исплакнете шишето потоа.