Откако во блиска иднина ги откажала сите јавни настапи, врската меѓу руската оперска пејачка Ана Нетребко и Владимир Путин повторно била во центарот на вниманието на јавноста.
Сопранистката Ана Нетребко ги откажала сите настапи во април и мај, бидејќи го отфрлила условот на Метрополитен операта да се откаже од јавната поддршка за Путин за време на војната во Украина.
„Ова не е вистинско време за концерти и настапи. Се надевам дека мојата публика ќе ја разбере мојата одлука“, рекла таа.
Имено, таа се изјаснила „против војната“ со Украина, но не ги осудила лидерите на нејзината земја ниту се солидаризирала со Украинците.
Сега, откако ги откажала сите настапи, таа повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради наводната љубовна врска со рускиот претседател.
Со години се шират гласини за нивната наводна љубовна врска, а во 2011. година оперската пејачка ги коментирала тврдењата дека таа е негова љубовница.
„Посакувам да бев негова љубовница, но кога? Се сретнавме двапати. Официјално и накратко”, рекла таа во тогашното интервју за American Newsweek.
„Тој е многу привлечен маж. Има силна, машка енергија”, додала таа.
Една година подоцна таа го поддржала на изборите.
Таа пеела на Олимписките игри во Сочи
50-годишната оперска дива настапувала во најголемите светски оперски куќи и соработувала со бројни големи оркестри и диригенти. Во февруари 2014 година, таа ја извела олимписката химна на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Сочи.
Фото: Принтскрин/Facebook