ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ИНТЕРВЕНИРАШЕ СО 450 ТОНИ ФРЛЕНА СОЛ


Во текот на изминатата ноќ и утрово, екипите на Зимската служба на Градот Скопје активно работеа на расчистување на снегот од градските улици и булевари, како и тротоарите, до сите критични точки и пристапи до витални објекти.

Точно во 1 часот по полноќ со сите расположливи возила се интервенираше со фрлање на 450 тони сол на сите места каде што екипите утврдија потреба.


Зимската служба на Градот Скопје и екипите од ЈП Улици и Патишта будно ја следат состојбата и интервенираат според состојбата на улиците и булеварите, но и по барање на граѓаните.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Два месеца по трагедијата се огласи повредениот член од групата ДНК: Еве што напиша на социјалните мрежи

Горан Тонев кој беше гитарист во групата ДНК се огласи на социјалните мрежи два месеца …