(ВИДЕО) ЉУБОВТА ПОБЕДУВА – Фризер воодушевил со потег за време на шишањето на девојка која боледува од рак

На емотивното видео објавено на Твитер се гледа фризер кој додека ја бричи главата на девојката болна од рак, во знак на солидарност решава да го направи истото и со сопствената коса.
На социјалната мрежа Твитер беше споделено видео од девојка која се бори со ракот и доаѓа на фризер за целосно да ја скрати косата.
Додека девојката липа од солзи, фризерот се обидува да ја утеши, а потегот што го направи потоа воодушеви многумина. Прегрнувајќи ја со едната рака, решил со другата да си ја избричи косата во знак на поддршка.
Девојката најпрвин била изненадена од потегот, а потоа му ја возвратила прегратката.

„Никој не се бори сам! Тој ја истрижа косата во знак на солидарност со девојката болна од рак“, се вели во описот на видеото објавено на страницата „Good News Movement“.
Потресното видео предизвика низа емотивни коментари, а видеото на Твитер е прегледано 11 милиони пати.
„Емпатијата и сочувството се одличен израз на љубов. Аплауз за ваквата реакција. Величествена поддршка”, гласи еден од коментарите на корисниците кои го пофалија потегот на фризерот.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …