(ФОТО) „BACK TO BLACK” – Објавени првите фотографии од снимањето на филмот за Ејми Вајнхаус, актерката неверојатно и наликува

Објавени се првите фотографии од снимањето на биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус „Back to Black“.
Британската актерка Мариса Абела се трансформираше во покојната пејачка за време на снимањето на многу очекуваниот биографски филм.


Како што започна снимањето во лондонскиот Сохо во понеделникот, Мариса го фати за рака актерот Еди Марсан, кој го игра таткото на Ејми, Мич, додека снимаа сцени пред познатиот џез клуб „Ronnie Scott’s“, каде пејачката настапуваше на почетокот на нејзината кариера.

Мариса беше облечена во црна кожна јакна и мини фустан за сцените, носејќи кожна чанта и фризура со потпис на Ејми и златни обетки. Актерката многу наликува на трагично починатата пејачка, која почина од труење со алкохол на 27-годишна возраст во 2011. година.

View this post on Instagram

A post shared by Best Movie (@bestmovie_mag)

На снимањето и се придружи Еди, кој е најпознат по улогата во „Happy-Go-Lucky“ и неодамна по драмата „The Thief“.
„Back to Black“, чие снимање започна овој месец, е во режија на Сем Тејлор-Џонсон, најпознат по филмовите „50 нијанси сиво“ и „Nowhere Boy“. „Back to Black“ ќе го следи животот на Ејми Вајнхаус во Лондон и нејзиното интензивно патување до славата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …