Џереми Ренер се огласи на својот Инстаграм профил и апелираше до своите следбеници да се однесуваат безбедно на снег додека тој закрепнува од несреќата.
Актерот (52) пред неколку дена со тешки повреди бил пренесен во болница, откако случајно бил прегазен од сопствениот чистач на снег тежок шест тони.
View this post on Instagram
Откако беше хоспитализиран, Ренер продолжи да споделува новости за неговото закрепнување, неодамна објавувајќи видео на кое се тркала во соба со машина за скенирање.
Во своите приказни на Инстаграм, Ренер рече дека му недостасува неговото „среќно место“, покажувајќи прекрасен снежен пејзаж.
Тој подоцна ги предупреди оние што живеат во областа: „Тешко е возењето преку превојот. Бидете безбедни таму“.
Овие објави доаѓаат по информациите дека пријателите на актерот се загрижени дека неговото закрепнување ќе трае со години.
„Тоа е многу полошо отколку што некој знае. Џереми е многу свесен за фактот дека за малку ќе умрел таму“, изјавил извор за Radar,, додавајќи:
„Десната страна од градите на Џереми беше смачкана, а горниот дел од торзото му падна.
Фото: Принтскрин/Instagram