(ВИДЕО) КОВИД-19 – ЦЕЛ РЕГИОН ВО КИНА СТАВЕН ВО ИЗОЛАЦИЈА: 600.000 луѓе во карантин – откриен нов случај со корона вирус!

Околу 600.000 жители во централна Кина се ставени во изолација откако едно лице било позитивно на тестирањето за вирусот корона. Бидејќи земјата се плаши од нов бран епидемија што избувна во декември 2019 година и се рашири на целиот свет и после само еден позитивен тест се решиле на овој чекор.
Властите на округот Џија, на околу 800 километри од Пекинг во покраината Хенан, рекле дека жителите сега не се во можност да ги напуштат своите домови без дозвола.
Според директивата, само лица со посебна дозвола од надлежните можат да одат на работа, додека возилата можат да се возат секој втор ден, во зависност од регистарската табличка.


Според Франс прес, официјално, причината за овој потег не била објавена.
Една жена која ја посетила областа на тестирањето била позитивна по контакт со лице кое нема симптоми на болеста, соопштиле локалните власти.
Кина вчера објави дека се регистрирани 55 нови заразени лица кои, сепак, немаат никакви симптоми на заболување, при што под медицински надзор се над 1.000 лица.


Франс прес додава дека во Кина се регистрирани 35 нови „увезени“ случаи, кои привремено ги затвориле границите за повеќето странци и драстично го намалиле бројот на меѓународни летови.
Секој што влегува во Кина, се става во карантин од 14 дена.
Од почетокот на епидемијата на корона вирусот, во Кина се заразени 81.623 лица, а 3,322 починале.

Екран


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …