(ВИДЕО) Корона вирусот го покорува светот: Повеќе од 1. милион пријавени случаи – САД со скоро 250.000 заболени

Навестувањата од СЗО се остварија – во светот веќе има повеќе од 1.015.883 случаи со корона вирус, а последната недела бројката се удвои.
На врвот на листата остана САД со 245.622 случаи и 6.095 починати. Во Европа, Италија е сеуште со најголем број случаи – 115.495 и 13.974 починати. Иако во последните 24. часа се забележани 790. починати, сепак процентот на пријавени заболени се намалува. Но, затоа корона вирусот галопира во Шпанија која веќе има 112.065 пријавени случаи и 10.348 починати…
Не е далеку ниту Германија која забележа 84.789 случаи и 1.109 починати. Состојбата не е добра ниту во Франција која пријави 59.105 заболени и 4.503 починати, а ниту во Велика Британија владините мерки не носат големи резултати бидејќи веќе имаат 33.718 пријавени случаи и 2.921 починат.
Кога станува збор за регионот, Србија има 1.171 заболен и 31. починат но и 42. опоравени, потоа следи Хрватска со 1.011 заболени и седум починати но и 88. оздравени, па Словенија со 897 заболени, Босна и Херцеговина со 533, Бугарија со 457, Грција со 1.544, Албанија со 277, Црна Гора со 144.
Како што е познато Македонија вчера имаше нови 30 случаи па бројката на заболени сега е 384.
Со оглед на состојбата во регионот, Европа и светот ни останува само да се придржуваме на препораките од струката и да седиме дома.


Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …