Чудесен рецепт кој го прочистува и лекува целиот организам

Ова е рецепт кој го лекува целиот организам. Ги прочистува крвните садови, го одржува срцето, го подобрува имунитетот, го чисти црниот дроб, штити од инфаркт и се смета дека помага при лекување на рак.

Состојки:
15 лимони
12 главички лук
1 кг мед
400 грама пченични никулци
400 грама ореви



Подготовка:Земете ја необработената пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете со вода и оставете да отстои 10-12 часа. Покрите со газа, а откако ќе помине потребното време, процедете ја преку газата и добро измијте ги зрната. Еден ден подоцна ќе се појават никулци со големина 1-2 мм.
Потоа во машина за мелење месо сомелете ги заедно лукот, пченицата со никулци и оревите. На тоа додадете 5 измелени лимони (сосе) кора. Останатите 10 лимони исцедете ги, а сокот додадете го во смесата. На крајот се додава и медот.
Смесата се префрла во стаклени тегли кои треба да се чуваат во фрижидер. Се користи откако најпрво ќе отстои три дена. Овој лек е корисен за целиот организам и штити од многу болести.
Консумирање:
Се земаат по 1-2 супени лажици од оваа смеса 30 минути пред секое јадење (3 пати на ден). За лекување на рак се зема на секои два часа по една лажица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …