(ВИДЕО) КОНФЛИКТ СО СЕМЕЈСТВОТО – Принцот Хари поради обвинувањата во мемоарите би можел да биде исфрлен од крунисувањето на кралот Чарлс

Принцот Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс, пишуваат британските медиуми. Причината за тоа се голем број „скандалозни“ откритија од неговите неодамна објавени мемоари.
Во својата нова автобиографија наречена „Spare“, Хари упатил низа тврдења и обвинувања против својот брат и татко, нарекувајќи го принцот Вилијам свој непријател. Тој, исто така, го обвинил својот татко дека се грижел дека ќе биде засенет од моќта на Меган како холивудска ѕвезда.
Досега кралското семејство не ги објави мемоарите на Хари, а Sunday Times, а потоа и други британски медиуми објавија дека сепак ќе има последици за принцот поради се што е споменато во книгата и дека тој ќе биде изоставен од крунисувањето на кралот Чарлс, кое е закажано за мај.

Веста за неговото „отстранување“ од церемонијата доаѓа откако принцот се појави на британската телевизија ITV каде зборувал за вината што ја чувствува по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.
„Принцот Хари е изоставен од сценариото за крунисувањето, без официјална улога во службата доколку присуствува“, напишал уредникот на весникот.
Исто така, се вели дека Чарлс ќе стави крај на традицијата на кралските војводи да клечат и да им оддаваат почит и само Вилијам ќе ја има таа улога.
Исто така, Page Six објави дека високи советници на британското кралско семејство создале еквивалент на „воена соба“ за справување со можните наводи.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …