*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Трошете ги паметно…
Водолија
Финансиската состојба ќе ви биде одлична, па нема да морате да се грижите за парите. Многумина ќе решат некои финансиски ограничувања, вклучително и кредит или долг. Можеби ќе почнете да заработувате од дополнителна работа, а пишувањето, фотографирањето или сликањето ќе бидат дел од профитабилните активности во јануари.
Девица
Иако нема да ви се дадат пари во јануари, не ви се потребни бидејќи и онака сакате да создавате свои можности. Многумина ќе имаат корист од нов проект или соработка во која ќе влезат и покрај предупредувањата од околината. Ќе ги слушате вашите инстинкти и ќе сфатите дека не сте згрешиле.
Бик
Вашата решителност и труд ќе се исплатат во јануари благодарение на благотворното влијание на планетите. Ќе имате можност да ги вложите вашите тешко заработени пари во купување на вредни средства како земја, недвижен имот, автомобил или можеби во нешто што претходно не би се осмелиле да го направите.