(ФОТО) СЕ ОПРАВУВА – Џереми Ренер повторно се јавил од болницата, му се заблагодарил на персоналот за грижата

Актерот Џереми Ренер, кој доживеа несреќа додека чистел снег, повторно се јави од болницата и им се заблагодари на персоналот за грижата.
„Благодарам на реномираниот тим за интензивна нега што го започна ова патување“, напишал тој на својата приказна на Инстаграм.
Портпаролот на Ренер за американските медиуми изјавил дека несреќата се случила поради временските услови и дека се случила додека тој чистел снег.
После тоа било соопштено дека бил прегазен од камион тежок седум тони. Со хеликоптер бил пренесен во болница, каде било констатирано дека се здобил со повреди на градниот кош.

This image has an empty alt attribute; its file name is jeremi-rener-od-bolnica-1.jpg


Ренер стана познат по неговите улоги во филмовите на Марвел, вклучувајќи го и „Тор“. Тој глумеше и во „Mission: Impossible“, „Arrival“, „American Hustle“ и „28 Weeks Later“.
Двапати беше номиниран за Оскар – за најдобра споредна улога во „The Town“ и најдобар актер за улогата u “The Hurt Locker”.

Фото: Принтскрин/Instagram/jeremyrenner


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …