(ВИДЕО) Луѓе се обиделе да снимат нилски коњ, а потоа во нив удрило чудовиште од еден и пол тон

НИЛСКИТЕ КОЊИ се познати како едни од најопасните африкански диви животни и, според податоците од минатата година, тие се одговорни за смртта на околу 500 луѓе годишно, а овие туристи кои се обиделе да фотографираат еден во дивината можеле многу лесно да настрадаат.
Туристите се возеле на чамец и забележале нилски коњ кој очигледно бил малку нервозен и токму кога сакале да го снимаат, одеднаш налетал на нив. За среќа, возачот брзо реагирал и забрзал навреме, а нилскиот коњ навистина за влакно пропуштил да стигне до бродот.

@miamivybe305 I would never #hippo #animalvideos #fypage #boattrend ♬ original sound – miami_vybe305


Нилскиот коњ, инаку, е тревојад, но е крајно територијално животно и ако се почувствува загрозено дури и за секунда, ќе нападне. Ова животно може да тежи од тон и пол до над два тона, во зависност од полот, а женките се особено агресивни бидејќи најмногу ги штитат младенчињата. Нилските коњи можеби изгледаат слаби и бавни, но на копно трчаат 30 км/ч, додека пливаат со брзина од осум километри на час.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …