(ВИДЕО) Ким Кардашијан во солзи: „Проклето е тешко“

Ким Кардашијан во емотивно интервју открила дека е „тешко“ да го делат старателството над нивните четири деца со поранешниот сопруг Канје Вест по нивниот развод.
Звездата по седум години стави крај на бракот со раперот, а нивниот развод беше финализиран неодамна.
Во последниве недели, Канје (45) беше вмешан во контроверзии откако даде серија антисемитски коментари, осудувајќи го движењето „Животите на црнците се важни“ и пофалувајќи го нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер. Поради тие коментари, тој го загуби профитабилното партнерство со Адидас.
Во едно интервју Ким (42) и раскажала на Енџи Мартинез како оди заедничкото родителство со Канје и колку се труди да ги заштити своите деца од драма.
„Дефинитивно го заштитив и уште ќе го заштитувам. Во очите на моите деца – за моите деца“, објаснила Ким.

This image has an empty alt attribute; its file name is kim-kardasian-vo-sou.jpg


Сепак, таа признала: „[Вреди] бидејќи секако сакам да се одвојам во одредени мисли и работи што се кажуваат затоа што тоа не сум јас, но во исто време во мојот дом би можела да минувам низ нешто, но ако одиме на училиште и тие сакаат да ја слушаат музиката на нивниот татко, без разлика што се случува на светот, јас морам да ја имам таа насмевка на моето лице и да ја пуштам неговата музика и да пеам заедно со нив и да се однесувам како ништо да не е во ред“.
„Штом ќе ги оставам, можам добро да плачам“, признала Ким, која тогаш станала емотивна и се расплакала велејќи: „Го имав најдобриот татко – не сакам да бидам емотивна сега, само затоа што имав навистина напорен ден. Тешко е. Заедничкото родителство е навистина проклето тешко.”


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …