(ВИДЕО) КАМЕРА СНИМИЛА МОРБИДНА НЕСРЕЌА НА ФЛОРИДА: Спортски авион паднал на автомобил во кој биле мајка и син!

Во понеделникот попладне околу 15 часот по локално време, мал спортски авион удрил во автомобил со мајка и син во градот Пемброк Пиинс на Флорида.
Единствено што е познато засега е дека двете лица кои биле во авионот загинале, додека жената која била во возилото е сериозно повредена. Информациите за детето се контрадикторни. Некои медиуми тврдат дека детето починало, додека други наведуваат дека детето е во болница со тешки повреди.


Засега е познато дека спортскиот авион полета од аеродромот Северен Пери во градот Пемброк Пиинс. Авионот паднал од засега непознати причини и непосредно пред ударот на асфалтот ги пресекол жиците на далекуводот, а потоа удрил во задниот дел на возилото, по што следувала експлозија.

Несреќата била забележана од камера на една семејна куќа.
“Живеам овде. Шетам со бебињата секој ден. Авионот можеше да нè убие сите. Јас сум во шок”, рекла жена која ја видела несреќата.
Авионската несреќа ја испитуваат Федералната администрација за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …