(ВИДЕО) Како ќе изгледа „Бонд 25“?

Самошто е објавен првиот видео – материјал од снимањето на новиот филм за тајниот агент 007.
Едноминутната снимка прикажува сцена од снимањето на филмот на Карипските острови. Новото продолжување, инаку сеуште не добило име, па засега е познат само како „Бонд 25“.
Во филмот кој го режира Кари Фукунага, Даниел Крег, и покрај малкуте информации кои претходеле на снимањето, се враќа во улогата на најпознатиот филмски таен агент на светот.
„Бонд 25“ како што и се очекува, во киносалите, ќе се најде во почетокот на април 2020. година.
Досегашното снимање го следеле неколку незгоди.


Така „контролираната екпслозија“ во почетокот на јуни повредила еден работник на снимањето и ги оштетила просториите на Пајнвуд студиото.
Во мај и самиот Даниел Крег за време на снимањето на една акциона сцена го повредил глуждот, поради што снимањето е одложено на некое време.
Околу25. продолжување на еден од најдолгите акциони филмски серијали во историјата на кинематографијата се кршеле копја уште откако, пред четири години, е најавен. Така, уште во раната фаза на работа, екипата ја напуштил режисерот Дени Бојл, кој тоа го нарекол „креативно разидување“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …