(ФОТО) КАДЕ СЕ ИНСТИТУЦИИТЕ: Синот Игор собира средства за „Клупа со Горан Стефановски“

Синот на Горан Стефановски повика на донации за идејата Клупа со Горан Стефановски, односно клупа под неговото дрво во Дебар Маало, со бронзена статуа од самиот писател.
„Драги пријатели, Ги замолувам сите оние кои би сакале да се оствари идејата за клупа со Горан Стефановски во Дебар Маало да кликнат на овој линк, да видат за што се работи, да донираат ако се во можност и, најважно, да го препратат линкот… ‘Сите по малку = многу’ е муабетот“, пишува Игор Стефановски.
Сите заинтересирани може да донираат и да прочитаат повеќе на следниот линк.


„Драг Игор, мислам дека никој не треба да донира за Нашиот Горан. Тоа под итно треба да го превземе нашата држава и градот Скопје“, одговори на повикот Драган Спасов Дац, а со него се согласија и многу други фанови на ликот и делото на Горан Стефановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …