(ВИДЕО) И РЕКЛЕ ДА ГО ОСТАВИ – Мајка на четири деца тврди дека сопругот и забранил да излегува во град: „Полугола си, тоа е само за мене!“

Млада мајка на четири деца објавила видео на својот TikTok профил во кое ја покажува реакцијата на нејзиниот сопруг на „предизвикувачкиот“ аутфит во кој таа планирала да излезе на пијалок со пријателите.
Сисмаи Авелар од Калифорнија отишла кај својот сопруг во тесни фармерки и горен дел што го открива стомакот.
„По расправијата му реков дека ќе излезам“, напишала таа покрај видеото.

@datdiazcouple How can I stay angry after this 😅 #marriage #couplestiktok #humor #husband #wife #love #fyp#CapCut ♬ Pose – Yo Gotti


„Каде одите?“, ја прашал сопругот, а таа објаснила дека одат на пијалок.
„Овде има вода. Овде можете да пиете“, одговорил нејзиниот сопруг, а потоа продолжил да ја коментира нејзината облека.
„Така одиш? Полугола? Покажуваш половина тело. Ги покажуваш стомачните“, продолжил тој.
Таа се обидела да објасни дека е таков дизајнот на маичката.
„Јас сум единствениот што може тоа да го види. Ти нема да одиш никаде“, рекол тој подигнувајќи ја и двајцата излегле од кадарот.
Иако видеото веројатно е исценето, многумина ги загрижило.
„Се сеќавам дека имав таков дечко. Мило ми е што го оставив”, „Има толку многу предупредувачки знаци овде”, „Тргни се од него што е можно побрзо”, се само некои од советите под видеото кои има собрано над осум милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …