СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА – Жељко Самарџиќ првпат проговорил за загубата на синот: „Секогаш размислувам колку голем би бил да беше жив“

Регионалната музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ за прв пат проговорила за големата семејна трагедија – загубата на синот.
„Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец јас и Маја ја делиме таа тага и секогаш мислиме колкав ќе беше да останеше жив, но тоа е животот“, изјавил пејачот за својот син, Златко, кој починал три месеци по раѓањето.


„Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба дојде да го види својот правнук за прв пат, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора, машката глава е голема работа. Никогаш нема тоа да го заборавам. Ние сите фамилијарно отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги направавиме потребните обреди“, објаснил тој за Blic.

View this post on Instagram

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic)



Тој додал дека човек никогаш не знае што може да му се случи во животот.
„Одиш по улица и те удира автомобил, а не го очекуваш тоа“, додал тој.
Денеска Самарџиќ и неговата сопруга имаат три ќерки и четири внуци.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …