(ФОТО) НА МЕНХЕТЕН – Ѕирнете во најтенкиот облакодер на светот: Не недостасува луксуз

Дизајнерите кои ја создадоа внатрешноста на најтенкиот облакодер во светот споделија фотографии на кои е прикажан неговиот луксузен ентериер.
Њујоршката фирма Студио Софилд ја открила внатрешноста на кулата Steinway, новоизградениот облакодер висок 435 метри со поглед на Централ парк.

This image has an empty alt attribute; its file name is stan-vo-njujork-4-jpg.jpg
Објавата го најави завршувањето на раскошната градба во центарот на Менхетен, која била изградена на местото кое некогаш го користела компанијата Steinway & Sons.
Облакодерот од 91 ката содржи 46 апартмани и дуплекс. Фотографиите објавени од дизајнерите овој месец покажуваат раскошни лобија украсени со варовник, мермер, челик и кадифе, сиви цврсти дабови подови и оригинални уметнички дела на Пикасо и Матис.



Според Студио Софилд, внатрешноста на кулата Стајнвеј била дизајнирана да ја евоцира грандиозноста на златното доба на Њујорк, период кон крајот на 19 век кога градските булевари биле оивичени со прекрасни куќи. Се наоѓа на улицата „Мидтаун“ исполнета со блескави згради, која станала позната како „Billionaire’s Row”“ (Редот на милијардерот).
Основачот на студиото Софилд, Вилијам Софилд, изјавил за Си-Ен-Ен дека сака кулата да има непогрешливо њујоршко чувство.

„Сите сме биле на многу луксузни места, но сакав да направам зграда која не би можела да биде никаде на друго место во светот“, рекол тој.

„Сакав да создадам многу посебно искуство што може да се доживее само во Њујорк“, објаснил тој.

Фото: Принтскрин/Twitter/Adrian Gaut

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …