Костадиновска-Стојчевска на отворањето на новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар во кој победник е културата

„Во новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, посакувам да се всели нова енергија во македонско-бугарските културни релации и со убава емоција да се разгори страста за уметничка креативност како ‘поле за културен натпревар’ во кој победник е културата”. Во името на тоа пријателство, отворете ѝ ги ширум портите на културата!”, порача денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, заедно со министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков, ги отвори новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-na-KIC-na-Bugarija-5.jpg


Костадиновска-Стојчевска додаде дека бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот, македонскиот, во Софија, ја имаат таа цел – да нė поврзат, да нė едуцираат едни за други и преку културата да нė доближат и како народи и како пријатели.

This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-na-KIC-na-Bugarija-6.jpg


На свеченоста, за улогата на културно-информативните центри во Скопје и во Софија, говореше и министерот за култура на Р Бугарија, Велислав Минеков. Тој го изрази задоволството од отворањето на новиот простор во центарот на Скопје, кој се промовира речиси по 20 години од отворањето на бугарскиот КИЦ во земјава. „Културно-информативните центри”, рече Минеков, „се мост кој создава услови за просперитет и зближување на двете култури, и кој го обезбедува заслуженото место на културата во општествата.”

Свеченото отворање беше проследено со изложба на дела од современи уметници од Северна Македонија и од Бугарија.


This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-na-KIC-na-Bugarija-1.jpg

Претходно, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска имаше средба со својот бугарски колега, Велислав Минеков, на која присуствуваа и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот КИЦ во Скопје, Антонија Велева.

На средбата, министрите ја потврдија традиционалната соработка и го изразија своето задоволство од фактот што министерствата за култура на двете земји негуваат слични приоритети во својата културна политика, во делот на заштитата на културното наследство, како и во поттикнување на активностите на младите. Беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти, како и за активности што би можеле да се реализираат како заедничка агенда на културно-информативните центри во двете држави.

This image has an empty alt attribute; its file name is sredba-so-bugarski-minister.jpg

Костадиновска-Стојчевска, во оваа пригода, го запозна Минеков и со идејата за отворање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Благоевград, изразувајќи уверување дека токму овие центри ќе придонесат за реализација на многу проекти и иницијативи преку кои бугарските и македонските автори и уметници ќе се претстават пред културната јавност во двете земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …