(ВИДЕО) „I JUST KILLED MY DAD” – Новиот документарец на Нетфликс ја раскажува вознемирувачката приказна за тинејџер кој го убил сопствениот татко

Новиот документарец на Нетфликс „I Just Killed My Dad“ (Јас само што го убив татко ми) ја раскажува вознемирувачката приказна за Ентони Темплет, кој го убил својот татко поради насилството што го трпел со години.
Документарниот серијал „I Just Killed My Dad“ ја раскажува приказната за Ентони Темплет, кој го застрелал и го убил својот татко Бурт Темплет во Луизијана во јуни 2019. година. Откако го застрелал три пати во главата, Ентони се јавил на 911 и му рекол на диспечерот: „Само што го убив татко ми. Го застрелав три пати“.
Тој тврдел дека татко му станал злоставувач, го будел семејството во раните утрински часови и се однесувал агресивно.
Ентони, кој тогаш имал само 17. години, рекол дека се заклучил во собата на неговиот татко, но кога тој конечно успеал да влезе внатре, пукал во него.
На местото на настанот, полицајците забележале дека нема знаци на борба или тепачка, навидум исклучувајќи ја можноста за самоодбрана. Но, на судењето, адвокатите на Ентони тврделе дека убиството било кулминација на долгогодишното злоставување од страна на неговиот татко.
„Ентони Темплет го застрела својот татко и никогаш не го негираше тоа, но зошто го направи тоа е сложено прашање со длабоки импликации кои ги надминуваат границите на едно семејство“, се вели во синопсисот.


Во документарниот филм од три дела, Ентони отворено зборува за бруталното малтретирање кое го трпел речиси 10. години. Покрај физичкото насилство, Ентони вели дека неговиот татко би го контролирал – го следел неговото движење, па дури и инсталирал камери околу нивната куќа за да го следи.
Во документарецот се појавува и маќеата на Ентони, Сузан, која вели дека таа го одгледала Ентони како свое дете откако Берт го одзел од неговата биолошка мајка на петгодишна возраст.
Сепак, Сузан го напуштила домот откако Берт ја нападнал во март 2019. година, по што неговото однесување се влошило – доказ се различни полициски посети на семејната куќа. Сузан, заедно со другите членови на семејството, дури и на суд го повикала судијата да не го затвора Ентони.
Ентони се соочувал со обвиненија за убиство од небрежност, но му била понудена спогодба за признавање на вината и избегнал затвор и бил осуден на пет години условна казна откако ги објаснил своите мотиви за злосторството.
Како дел од договорот, на Ентони му било кажано да заврши средно училиште и да оди на терапија. Откако бил ослободен, Ентони повторно се сретнал со својата биолошка мајка и го поправа својот однос со неа и неговата биолошка баба.
По објавувањето, шокираните гледачи почнале на Твитер да ги споделуваат своите размислувања за документарецот, нарекувајќи го „неверојатно“ и велејќи дека деталите за злоупотребата ги натерале да „изгубат верба во луѓето“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …