(ВИДЕО) Македонска работа – на плажа во Љубаништа, меѓу деца, си ги капат кучињата

Една наша читателка ни испрати видео на кое се гледа како сопственици на домашни миленици со шампон си ги капат кучињата – на плажа…
Случката е од плажа во Љубаништа…
Иако биле опоменати да не им ставаат шампон на кучињата и да ги капат заедно со други туристи и деца, сопствениците се оглушиле на сето тоа и „си терале по свое“.
Си ги земале кучињата во раце, со шампонот, и ги бањале на плажа, блиску до брегот, со објаснување дека „шампонот не е отровен“..

Иако биле замолени да се тргнат на страна тие воопшто не реагирале на родителите чии деца се капат на истото место.
Нормално, децата, додека траела „оваа операција“ си стоеле на брегот.


Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …