Напуштен Боинг 737 е паркиран на сред поле на Бали и таму е со години, а никој со сигурност не знае како стигнал таму. Поради мистеријата околу неговото пристигнување на непристапна локација, авионот стана популарна туристичка атракција.
Големиот авион се наоѓа во каменолом за варовник во близина на автопатот Раја Нуса Дуа Селатан, недалеку од туристичкиот центар и плажата Пандава.
Некои Балијци сугерираат дека авионот бил донесен на делови и повторно составен таму од амбициозен претприемач кој планирал да отвори ресторан во него.
Сепак, се известува и дека ресторанот останал без пари за да го заврши проектот, а авионот останал напуштен во каменолом.
Авионот станал туристичка атракција, а водичите велат дека е тешко забележлив и дека се наоѓа веднаш до збирка бродски контејнери. Авионот нема идентификација или ознака на него.
Mystery behind an abandoned Boeing 737 that is sitting in the middle of a field in #Bali near a #tourist hub,12km from an airport – and no-one is sure how it got there pic.twitter.com/vLRtvw1k9K
— Hans Solo (@thandojo) August 8, 2022
Тоа не е единствениот запуштен Боинг 737 на островот, бидејќи во други делови се забележани и други „пензионирани“ авиони, а некои се користат како туристички атракции.
Еден од нив лежи веднаш до блискиот Dunkin Donuts, со крилото потпрено на ѕидот на ресторанот.
Друг напуштен авион бил виден на врвот на карпа на плажата Нијанг-Нјанг во 2021 година. Авионот бил извлечен на врвот на крајбрежна карпа на Бали минатата година благодарение на инвестициите на еден претприемач кој сакал да го искористи за да создаде туристичка атракција.
Фото: Принтскрин/Twitter