Здружение на летни ноќни клубови на Скопје: СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЖИВЕЕ

Сакаме да ве известиме дека нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да
прогласиме дека СКОПЈЕ ЖИВЕЕ ПОВТОРНО, МЛАДИТЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМААТ КАДЕ ДА СЕ ЗАБАВУВААТ И СОЦИЈАЛИЗИРААТ.
Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, Градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, Министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и Министерот за Економија Крешник Бектеши кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни
овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ.
Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови.
Ви благодариме на сите,
Воедно и ве покануваме да бидете дел од ноќниот живот на Скопје.
Со почит,
Здружение на летни ноќни клубови на Скопје

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …